Денешната ждрепка во Нион, за втората рунда натпревари од квалификациите за ЛЕ, сакаше „романтичарите” да ги однесе кон убедливо најквалитетниот клуб, според рејтингот, во второто квалификациско коло.

Ако ја мине полската Краковија, Шкендија, пак, во второто коло би се соочила со подобриот од пресметката меѓу Нефчи (Азербејџан) и Балзан (Малта).

Силекс, пак, доколку се пласира во 2. квалификациско коло, ќе се сретне со подобриот од пресметката меѓу дански Митјиланд (Данска) и Судова (Литванија).

Првите натпревари од 2. квалификациско коло за ЛЕ се играат на 14. јули, а реваншите се закажани за 21. јули.