Во тек е операција на СДСМ за поткуп на 5 пратеници со суми од 100 до 500 илјади евра, рече лидерот на Левица Димитар Апасиев вечерва на емисијата Само интервју на Канал 5.

“Ги знам по име и презиме”, вели лидерот на Левица кој не ги откри нивните имиња.

Во интервјуто лидерот на Левица изјави дека може да го поддржи ВМРО-ДПМНЕ со своите два пратеника но дека не ви влегувале во власта туку би делувале од страна.

Притоа Апасиев постави услов за несоработка на Мицкоски со Али Ахмети и ДУИ, туку со сите други албански партии, пренесува експес.мк

Со тоа тој отфрли било каква соработка со СДСМ и ја подобри преговарачката позиција на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски кој сега може да смета на 46 пратеници во преговорите за влада.

“Според мене постојат 3 варијации за состав на влада: “мафијашко” сценарио се СДСМ и ДУИ. Втората остварлива варијанта ја именувам како “антикорупциска” а тоа е ВМРО-ДПМНЕ со сите албански партии без ДУИ и третата е т.н “показна” Влада помеѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ која би траела една година до следните предвремени парламентарни избори, а како пандан на тиранската платформа”, рече Апасиев.

Запрашан за неговиот постизборен статус на фејсбук: „Џабе ни се лижете, сите ќе ве стреламе“, тој рече:

„Што напишав-напишав, нема потреба да се правдам, нека повели обвинителството…“.

Апасиев останува на ставот дека не ги признава изборните резултати, бидејќи им биле украдени 3 пратеници.

“Ова не беа избори, ова беше масакар. 10 милиони евра се истурија директно, 100 милиони евра наоколу. Опцијата беше да нема избори среде пандемија, час порано нели требаше да има избори, а после си отидоа на одмор во Брајчино”, изјави Апасиев.