x

„Академците“ се будат, Петровиќ најави: Младите играчи – главен приоритет

petrovic

Академија ФМП после 5 месеци пауза утре се враќа на теренот, оваа сезона под водство Александар Петровиќ.

Подготовките за престојната сезона ќе започнат само со домашните играчи Горан Главчев, Дејан Србиновски, Лука Стојановски, Лука Петровски, Бојан Стојановски, Љубиша Димитровски, Славчо Темелковски, Борјан Обедниковски и Никола Анастасовски, додека странските засилувања Теодор Атанасов, Стефан Крстајиќ и Терел Липкинс се очекуваат да пристигнат при крајот на месецот и да влезат во тренажен процес со остатокот од екипата.

Петровиќ пред утрешниот собир најави дека главна цел ќе бидат младите играчи и развојот за подобро утре на кошарката.

Развојот на младите играчи ќе биде наш приоритет сезонава и на секој натпревар одиме да одиграме најдобро што можеме и да го дадеме својот максимум. Пласманот во првите 6 екипи ќе биде награда за нашата напорна работа преку целата сезона, но сепак конкуренцијата е голема и квалитетна“,  изјави Петровиќ.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата