x

Академија Пандев стартуваше со тренинзи

По обавените тестови за Ковид 19, односно направените неопходни медицински прегледи денеска екипата на Академија Пандев и официјално стартуваше со тренинзи.
Првиот тренинг беше одржан во сала за кревање товар, а би требало да се излезе и на терен во текот на денешиот ден.

Академија Пандев во следната сезона ќе биде водена од Александар Таневски, тренерот кој беше доведен по смената на Југослав Тренчовски, а од клубот дефинитивно си заминаа Душан Чубраковиќ, Мите Цикарски, Стефан Костов, Ангел Гранчов, Бојан Најденов, Кристијан Стојкоски, Ѓорги Танушев и Ндуе Мујеци.

 

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата