Прашан за ставот на БАН дека македонскиот јазик е дијалект на бугарскиот, што беше усвоено и во декларација од бугарскиот парламент, академик Радован Павловски одговори  дека станува збор за државен јазик на кој ги напишал своите дела за кои има светски признанија.

Јас на тој јазик имам светски признанија и преведен сум и на бугарски. Ниедна соседна држава, ни една академија не може ни да ми го даде ни да ми го земе јазикот,  рече Павловски, додавајќи дека не може да се одрекува ниту постигнатиот и потпишан договор односно „не може секое едно решение да се оспорува“.

Павловски за Гоце Делчев истакна дека се работи за надисториоска и наднационална личност.