x

АЗ Алкмар пријави 13 фудбалери заразени со Ковид-19, но ќе патува во Неапол на мечот од ЛЕ!

az-alkmar

И покрај осумте нови позитивни тестови на Ковид-19, на кои се додадени уште пет веќе откриени, АЗ Алкмар ќе мора да патува во Италија на дуел со Наполи во 1. коло од новата сезона во Лигата на европа.

Во страв да не го загуби мечот службено и да не заработи казна поради не патување, холандскиот тим ќе мора да се појави на теренот против силниот италијански состав без дури 13 свои фудбалери. Во петокот, холандскиот клуб пријави пет позитивни случаи за Ковид-19, а денеска холандскиот вицешампион откри уште осум нови инфекции во рамките на клубот.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата