Богатите во Азија имаат тенденција да задржат поголем дел од парите во готово.

Зголемувањето на богатството во Азија било стимулирано од економскиот бум во Кина во последната деценија. Тогаш кинеската економија тргна по финансиската криза која ја погодија економиите во регионот кон крајот на 90-тите години.

Истражувањето покажа дека бројот на богатите лица со средства од над 1 милион долари е зголемен за 11,4 отсто.

Северна Америка сепак сеуште има повеќе пари. Таму богатите лица држат 28,8% удел од 56,4 трилиони американски долари од светското богатство. За споредба – во азиско-пацифичкиот регион, учеството на богатите е 28,1%, а во Европа – 23 отсто.