Азиските земји ќе мора да потрошат 26.000 милијарди долари до 2030 година на инфраструктура за да се фатат во костец со сиромаштијата.

На тој начин ќе го поттикнат стопанскиот раст и полесно ќе се изборат со климатските промени, предупреди Азиската банка за развој (АДБ).

Азискиот кредитор истакнува дека владите на некои најсиромашни земји во светот треба да инвестираат во речиси сите сектори, од транспорт и телекомуникации, па до снабдување со електрична енергија, вода и обезбедување на основни санитарни услови.