Познатиот косовски политичар од времето на Југославија, Азем Власи стана еден од директорите на фирмата-ќерка на Кроација осигурување со седиште во Приштина. Првиот човек на најголемата хрватска осигурителна компанија, Хрвоје Војковиќ го ангажирал Власи поради неговото големо влијание и врските во Косово, што би требало да резулитира со успешни осигурителни зделки во интерес на компанијата.