x

Азар се движи со патерици, нема шанси да игра на „Ел Класико“

Големата sвезда на Реал Мадрид, Еден Азар, речиси сигурно ќе го пропушти „Ел Класико“ дуелот со големиот ривал Барселона закажан за 18 декември.

Пред неколку дена се појавија информации дека Белгиецот се опоравил од повредата и дека има шанса да се појави на средбата.

Денеска, сепак, излегоа информации дека креативецот на Реал сè уште има болки во десниот глужд и користи патерици за да се движи.

Деталните тестови не покажаа сериозна повреда на глуждот, но од таборот на мадридскиот тим веќе почнаа да се грижат затоа што помина веќе една недела откако Еден беше повреден и се уште не може добро да се движи.

Дури и да се опорави деновиве, Азар нема да биде во потребната форма за настап на големото дерби.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата