x

Азар и Зидан слатко се смеат, а и Абрамович се смее на 20-те милиони евра!

Таа Марина Грановскаја, шефицата на Челзи која му одговара само на газда Роман Абрамович, е супер менаџер. Главната од “Стемфорд Бриџ“ за трансфери, при заминувањето на Еден Азар минатото лето во Реал, вметнала клаузула во која стои дека ако “кралевите“ со Азар ја освојат Ла Лига, и ја освоија синоќа, треба да доплатат плус 20 милиони евра, со што севкупниот трансфер ќе изнесува 120 милиони евра, а не 100. Инаку има и друга клаузула, ако Реал ја освои ЛШ таа сума може да нарасне на 143 милиони евра.

Е, па, затоа Роман Абрамович се смее, и тоа благодарение на Марина.

Само Реал нека собира пехари, касата на Челзи ќе се полни.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата