За време на акцијата на граѓаните ќе им бидат поделени флаери со едукативна содржина за опасностите од настанување пожари при користење грејни тела во своите домови.

Исто така, тие ќе имаат можност да контактираат со стручни лица од Општинскиот противпожарен сојуз „Аеродром” и да им поставуваат прашања за опасностите од пожар, за кои ќе добијат соодветни советувања.

Иста ваква едукативна акција за заштита од пожари ќе се одржи и на 20.12.2014 година (сабота) во трговскиот центар во населба Лисиче.