Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп е ангажирана за забрзување на развојот на вакцина против коронавирус.Според неименуван претставник на администрацијата, целта е до јануари да има достапни 300 милиони дози вакцини.
        
Блумберг наведува дека приватните фармацевтски компании, владини агенции и војската ќе ги здружат силите за да се обидат да го скратат периодот за развој на вакцините за осум месеци.
        
Здравствените советници на американскиот претседател Доналд Трамп, предводени од водечкиот епидемиолог Ентони Фаучи, рекоа дека ќе бидат потребни 12 до 18 месеци за да се развие вакцина против коронавирус.Трамп му нареди на министерот за здравство Алекс Азар да го забрза развојот на вакцините.

извор: Makfax