Министерoт задолжен за дијаспора, Едмонд Адеми заедно со пратеникот во Европскиот парламент Кнут Флекенштајн ги посети општините Арачиново и Шуто Оризари.При посетата, Адеми и Флекентшајн се сретнаа со претставници на локалните самоуправи, разговараа со граѓани и извршија обиколка на објекти кои што се градат со поддршка од фондовите од ЕУ.

Министерот Адеми посочи дека поддршката од ЕУ е особено значајна за руралните и мали општини, но и дека средствата што ЕУ ги двои за Македонија, ќе се зголемуваат со нашето приближување до полноправното членство.

,,Поддршката од ЕУ за Македонија изнесува 90 милиони евра годишно, односно секој ден се издвојуваат по 260 илјади евра за поддршка во инфраструктурата, образованието и локалната самоуправа. Со започнување на преговорите, а потоа и со влезот во ЕУ поддршката дополнително ќе се зголемува тоа ќе значи и повеќе пари за инфраструктура, нови патишта, водоводи, канализации, училишта и градинки. Тоа се повеќе европски пари за локален развој на сите општини, а со тоа и подобар и поквалитетен живот на сите граѓани”, порача Адеми.

При посетата на Арачиново и Шуто Оризари, пратеникот во Европскиот парламент, Флекентшајн порача дека Македонија има силна поддршка за влез во ЕУ и дека граѓаните треба да излезат на референдумот за да ја искористат историската шанса што е пред нив.

извор: Makfax