x

Адеми со асистенција, а неговиот Динамо победи во Австрија, Звезда ги грабна бодовите во Белгија (видео)

dinamo-e1606420047550

Многу важна победа на Динамо Загреб во 4. коло на Лига Европа. Вечерва „модрите“ ги собраа бодовите на гостувањето кај Волфзбергер со 3:0 со головите на Ловро Маер во 60. минута,  Петковиќ во 75. минута и Иванушец во 90. минута. Македонскиот репрезентативец Аријан Адеми ги одигра сите 90 минути во дефанзивниот ред на хрватскиот шампион, а му асистираше на стрелецот на вториот гол. Динамо со оваа победа е на чело на табелата во групата К со осум бодови, три повеќе од вториот Феенорд, а четири повеќе од третиот Волфзбергер и дури пет повеќе од ЦСКА Москва. До крајот на групната фаза останаа уште две кола.

 

А Црвена Звезда победи на гостувањето кај Гент со 2:0. Победата им ја донесоа Петровиќ кој стрелаше во 2. минута и Милуновиќ кој погоди во 58. минута од натпреварот.

Звезда ја запиша третата победа во групата и е многу блиску до нокаут-рундите. Втора е на табелата со девет бодови, еден помалку од лидерот Хофенхајм, а пет повеќе од третиот Либерец.

Арсенал е веќе во 1/16 финалето откако го совлада Молде со 3:0 и ја забележа четвртата победа и веќе има недостижна предност. За второто место до крај ќе се борат Молде и Рапид, а Дандалк е без бодови.

Милан одигра 1:1 на гостувањето кај Лил. Кастиљехо со гол во 46 минута ги доведе „росонерите“ во водство, меѓутоа само неколку минути подоцна Бамба го изедначи резултатот. А Спарта Прага со победата над Селтик 4:1 се вмеша во игра за една од првите две места. Групата се искомплицира. Лил е лидер со 8 бода, Милан има 7, Спарта 6, Селтик само 1 бод.

 

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата