x

Адеми: Пандев е чудо, како вино, колку е постар, толку подобар

ademi-nova-1

Аријан Адеми со инјекции вчера го одигра дуелот со Грузија и даде полн придонес во пласманот на Македонија на ЕУРО2020. За хрватските медиуми по мечот изјави:

„Кој би рекол дека ќе дочекам да играм на Европско првенство“, вели Адеми за „Спортске новости“.

„Имав проблеми неколку дена, ја прескокнав Истра, а овде беше прашање дали ќе заиграм. На загревањето пробав и се беше ок, но како мечот минуваше се повеќе се мачев. Кога почувствував грч, излегов од игра“, вели Адеми.

На прашањето што мисли за Пандев, фудбалерот на Динамо (З) додал:

„Пандев е чудо, како вино, колку е постар, толку е подобар. Во второто полувреме ги разбиве, имавме шанси, не ни можеа ништо“.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата