На прстите од двете раце може да се избројат дивоградбите од типот на куќи, угостителски објекти или хотели во заштитениот појас во Охрид. Според градоначалникот, најголем дел од тие дивоградби се гаражи, огради или некои дополнителни скали. Од мај 2019 Охрид има нов градоначалник и тој во рок од еден месец, согласно документацијата што ја има во општината, согласно обврските, направен е регистер на дивоградби, на моментална состојба. Тој тоа го презентираше многу отворено, со бројки, колку се во вкупниот број, колку се во заштитениот појас, таму се 409, вели министерот без ресор Едмонд Адеми во неделното интервју на Радио Слободна Европа.

Забелешката е дека во Баку е презентирана листа од 1076 дивоградби, но активистите велат дека според извештајот за имплементација на законот за легализација на дивоградби од страна на Народниот правобранител од 2015 ќе се увиди дека само општина Охрид, без Струга и Дебарца се дадени барања за легализација на над 11 илјади дивоградби.

Сега, дали бројките се тие што ги презентираат, јас не знам, јас му верувам на градоначалникот дека актуелната состојба, онаква каква што е, во оној момент кога бевме во Баку, дека резултатите се тие. Немаме потреба да намалуваме или да зголемуваме, вели Адеми за Радио Слободна Европа.