x

Адеми: Ма какво славење, во недела не чека Славен Белупо

129477538_3366784673450896_6792184658822773914_o

Екипата на Динамо Загреб и дефинитивно обезбеди европска пролет со тоа што синоќа одигра прекрасен меч среде Ротердам и триумфираше со 0:2 против Феенорд во рамките од петтото коло од Лигата на Европа.

Нашиот репрезентативец Аријан Адеми одигра фантастичен натпревар, беше дел од двата погодоци, а по мечот нормално даде изјава која е сосема адекватна на неговиот карактер и односот како фудбалер.

„Ма какво славење победа, не чека Славен Белупо в недела, па потоа ЦСКА Москва, па Ријека. Имаме навистина тежок распоред. Има време за славење. Завршивме први во групата што е супер, но за ждрепката сеуште не размислуваме и немаме некакви желби. Фактот што не сме примисле сеуште гол во Лигата на Европа, ми делува навистина неверојатно но тоа покажува каква екипа сме ние. Секоја чест на сите во тимот“ – изјави Адеми.

 

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата