x

Адеми и соиграчите ќе поделат десет милиони евра премија

pxl-031220-31036634

Со самиот пласман во елиминационата фаза од Лигата на Европа, тимот на Динамо автоматски добива и екстра премии од УЕФА. Играњето на едно предколо и немањето пораз во групната фаза од пва натпреварување ги прави „модрите“ побогати во моментов за десет милиони евра.

Толкава е премијата која му следува на овој клуб, а парите нормално автоматски ќе бидат поделени на играчите кои ќе бидат нагредени за вложениот труд и нормално успехот.

Сега останува Динамо само да го дочека противникот за елиминационата фаза, која е закажана за 18 односно 25 фебруари, а противник ќе биде секако некој од второпласираните екипи во групната фаза, или пак секако некој од оние клубови кои ќе бидат префрлени од Лигата на Шампионите.

 

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата