x

Адеми: Да не се лета во облаци, ни требаат уште бодови за „европска пролет“

128752554_3137928629644367_8960404114391711094_o

Тимот на Динамо Загреб со нашиот интернационалец и репрезентативец Аријан Адеми како капитен, е на прагот да обезбеди пласман во елиминационаата фаза од Лигата на Европа, или популарно наречено да обезбеди „европска пролет“.

Динамо во четвртокот одигра одлично на гостувањето кај Волфсбергер, триумфираше со 0:3, а Адеми беше асистент на еден од головите.
„Не сакам да премногу и предолго да се зборува за тој меч и за таа победа против Волфсбергер. Зоштп? Затоа што сеуште ништо не сме направиле.  Не сме загубиле меч, имаме осум бодови, не сме примиле гол, но сеуште не сме обезбедиле доволно бодови за и официјално да сме обезбедиле пласман понатаму. Кога ќе го направиме тоа, кога и математички ќе сме во таква ситуација, е тогаш ќе може да славиме и да даваме такви изјави, сега не“ – изјави капитенот на Динамо и Македонски репрезентативец, Аријан Адеми.

 

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата