Албанската пејачка Аделина Тахри важи за пејачка со глас и со стас.

Добро познато е дека Аделина сака да вложува во својот изглед, па оди на разни третмани за разубавување, но и знае да искомбинира брендирани модни парчиња кои одлично и прилегаат на нејзиниот изглед.

Иако изминатите три месеци поради изолацијата, коронавирусот и намалените физички актвиности можеби сме се здобиле со некој килограм плус, тоа не е случај и со Тахири.

Имено, таа на својот „Инстаграм“ позираше само по градник покажувајќи го згодното и затегнато голо стомаче, а се пофали дека ослабела и два килограми.


Тахири нема проблем на социјалните мрежи да се пофали со своите луксузни подароци, патувања, брендирани модни парчиња или нов член на семејството.


Така пред некое време таа се пофали дека во нивниот дом имаат нов член односно преслаткото кученце Симба.

Сега пак, Тахири сега на својот „Инстаграм“ се пофали дека добила и нов играчка, односно мотор.

Во краток шорц, пејачката позираше седната на моторот истакнувајќи ги своите долги, стегнати нозе.

„Јас ја сакам мојата нова играчка“ напиша покрај објавата.


Објавата доби повеќе од 5000 лајкови, а како ви се допаѓа Аделина како моторџика?