Адвокатот кој го претставува поранешниот каталонски претседател Карлес Пуџдемон, како и петте други каталонски политичари обвинети во Шпанија за бунт, поднесоа жалба до Комитетот за човекови права на Обединетите нации.

Тој во жалбата бара помош во одбраната на нивните демократски права.

Нико Криш го осуди тешкото мешање во демократскиот поредок поврзан со обвиненијата против Пуџдемон, кој живее во егзил во Белгија, како и против петте други каталонски политичари, кои се наоѓаат во притвор во Шпанија.

Каталонските политичари ќе бидат во притвор се до нивното судење.

извор: Makfax