Актуелниот светски и европски клупски шампион, тимот на Реал (М), доби сериозна конкуренција во италијанскиот калчо гигант Интер, кога е во прашање потписот на аргентинскиот интернационалец од редовите на англискиот премиерлигаш Манчестер Сити, Серхио Агуеро.

Голема е веројатноста дека искусниот напаѓач ќе ја промени клупската средина за време на летниот преоден рок, но во игра е и претходно најавениот камбек во Индипендиенте.

Новите сопственици на италијанскиот калчо гигант веќе потврдија дека планираат да ангажираат дури четри фудбалски ѕвезди за време на летниот преоден рок.