x

Агим Ибраими го однесе Кукс во 1/4 финалето на Купот на Албанија!

agim-ibraimi

Сега се гледа каква добра работа направи Кукс кога го ангажираше екс – репрезентативецот на Македонија Агим Ибраими. Едноставно искусниот нашаѓач не знае за доста кога се во прашање головите. Па така денеска Агим срелаше во мрежата на Беса Каваја на осминафиналната средба во Купот на Албанија и тоа во 73.минута при резултат 1:1, со што ги постави конечните 2:1 за победа на својот тим.

Во следната фаза од ова натпреварување се најде и составот на Теута на нашите интернационалнци Баже Тодоровски и Боби Целеки, инаку актуелни бранители на пехарот. Нивната Теута попладнево со 5:0 славеше над тимот на Кастриоти.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата