Агилера љубоморна
Кристина Агилера се навртела на своите колеги, кои освен со музика се занимаваат и со моден дизајн. Во разговорот за “SkyNews” изјавила дека мешањето на музиката и модата на тој начин е мошне кичесто. “Секогаш сум сметала дека поради таквите постапки на пејачите на крајот изгледа дека тие луѓе веќе не знаат со што би се занимавале”, рекла Агилера. Што на тоа ќе речат Џенифер Лопез, Бритни Спирс, Бијонси или П. Диди? Инаку, Кристина неодамна службено се свршила со својот долгогодишен дечко Џордан Бретмен, директор во менаџерската фирма што се грижи за нејзината кариера.