Популарната и богата сопруга на Џордан Братман сака да ги научи тајните на готвењето, но причина не е нејзиниот сопруг кој сака добра храна. Кристина откри дека сака да стане вистинска домаќинка и сама да ги подготвува оброците за нејзините деца, кои засега ги нема на повидок. На такво размислување популарната пејачка ја навел нејзиниот близок однос со мајка Ј која одлично готви, па Агилера сака истото да го повтори со нејзините деца. Таа ги отфрли пишувањата на таблоидите дека е бремена, но тврди дека со сигурност знае дека нејзиното прво бебе ќе биде машко.