x

Агентот на Осимен: Мојот клиент нема да оди во Италија поради расизам

Еден од најбараните играчи во моментов, членот на Лил Виктор Осимен, нема да оди во Италија. Барем според зборовите на неговиот агент Жан Жерар Беноа Чајка.

Неговиот клиент е баран од Интер, како замена за Лаутаро, меѓутоа Чајка истакна дека неговиот клиент нема шанса да оди во Италија поради расизмот.

Згора на тоа Интер веќе го ангажираше Жиру, и би тргнал по Осимен само доколку успее да го продаде Лаутаро на Барса.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата