x

Агентот на Озил: Месут можеше да оди каде сака и да ги добие истите пари

00869089

Продолжува сагата околу ситуацијата на Месут Озил во Арсенал. Тој не е повеќе дел од првиот тим, не е пријавен за натпреварувањата во кои во моментов Арсенал учевствува и за најплатениот играч во клубот тоа е сериозен проблем. Сите имаат што да кажат на оваа тема, односно сите го дадоа своето мислење, а ете му дојде ред и на агентот на Германецот, Ергут Согут.

„Мислам дека навивачите на Арсенал треба да ја знаат вистината. Месут можеше да си замине од клубот и покрај огромната плата како што на пример направи Алексис Санчез. Но тој реши да остане и да биде лојален на Арсенал. Мислите дека во пикот на неговата кариера и форма, Озил немаше да пронајде клуб кој ќе му ги дадеше истите пари. Во моментов тој има 32. години и има уште неколку сезони врвен фудбал во своите нозе“ – вели менаџерот на Германскиот интернационалец.

 

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата