Во рамките на Карпошово културно летоо денес со почеток во 20.30 часот на просторот кај Карпа на кејот на реката Вардар, ќе се одржи авторска вечер на Огнен Неделковски. Стихови од познатиот текстописец ќе испеат многу познати ликови од нашата естрада. Под мотото Тајно мојааќе настапат фолк, поп и детски изведувачи. На спектакуларниот настан ќе биде промовирана песната Споменарр, која Огнен ја сними пред извесно време со другарот Ване Ѓорговски.