Во сообраќајна несреќа што се случила синоќа на паркинг на булеварот АСНОМ, помеѓу автомобил „пасат“, управувано од М.И.(34) од с.Сингелиќ, Скопско, и автомобил „мерцедес“, управувано од Р.И. (50) од Скопје, било удрено и малолетно лице (пешак) од Скопје, кое е пренесено во ГОБ „Св. Наум Охрдиски“, каде му се констатирани тешки телесни повреди.

Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Скопје.

извор: Makfax