Десетгодишно дете со тешки повреди е пренесено во болница откако во него удрил автомобил во скопската населба Ѓорче Петров.

Според информациите на МВР, несреќата се случила вчера во 7:50 часот на улицата Борис Сарафов, кога автомобил „мазда“ со скопски регистерски таблици управуван од Т.Ј. (40) од село Шишево, Скопско, удрил во 10 годишно дете пешак. По незгодата со истото возило детето било пренесено во комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде што му била констатирана тешка телесна повреда и било задржано на понатамошно лекување.

Од страна на увидна екипа од Секторот за внатрешни работи Скопје бил извршен увид и се работи на целосно расчистување на случајот.

извор: Makfax