Осумдесетгодишна жена заврши со тешки повреди, откако во неа удрил автомобил со скопски регистарски ознаки.

Како што соопшти полицијата, несреќата се случила вчера во 20.40 часот на улицата Војвода Васил Чакаларов во Скопје.

„Со возилото управувал Д.К.(41) од Скопје, а е повредена В.Х.(80) исто така од Скопје. В.Х. е пренесена во Комплексот клиники Мајка Тереза“, велат од МВР.

Увид на местото извршиал екипа од СВР Скопје.

извор: Makfax