Три лица се тешко повредени кога возачот, 42-годишен кумановец, изгубил контрола над возилото и излетал од патот па удрил во дрво. Несреќата се случила вчера на магистралниот пат Куманово-Граничен премин Пелинце, на место викано „Бели Грамаде“.

Сите тројца со возило на Итна медицинска помош биле пренесени во болницата во Куманово каде им била укажана лекарска помош. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Куманово.

извор: Makfax