По полноќ било пријавено дека на булеварот „Србија“ во Скопје, патничко возило „мерцедес 124“, со скопски регистарски ознаки, управувано од В.Л.(23) од Скопје, излетало од коловозот.

Во незгодата, со тешки телесни повреди се здобила сопатничката М.Л.(20) од Скопје, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Скопје.

извор: Makfax