Министерството во соопштението на Фејсбук страницата откри дека возачот на автомобилот бил приведен и сега се истражуваат мотивите за масовното прегазување на луѓето на тротоарот.

[video:https://www.youtube.com/watch?v=wTLjjFizL_M]

Како што открива новинската агенција “AP”, тоа мала е веројатноста дека возачот имал намера да ги прегази пешаците, односно мали се шансите дека станува збор за терористички напад сличен на нападите кога во западна Европа исламисти влетуваа со автомобили меѓу пешаци.

Камиони, автомобили и комбиња беа користени во изминатите неколку години во терористички напади во Лондон, Берлин, Барселона, Ница и други европски градови, па затоа многумина веднаш се посомневаа дека станува збор за терористички напад.

[video:https://www.youtube.com/watch?v=ONzngL5dUFo]