Храбрите души, кои први започнаа да возат на даски за сноњбоард често беа изложени на потсмев на скијачите. Не им било допуштено да се спуштаат низ скијачките патеки, баш како што денес низ нив не смеат да се спуштаат со санка. Но, денес снежната слика битно е променета, па боурдерите ги надминаа скијачите. Нивната доминација ја докажаа и на 5-тото Европско првенство за сноуборд, кое викендов се одржа во Маврово. Во паралелвелеслаум трката од 47 натпреварувачи во машка конкуренција победи Антон Антеркофлер од Австрија. Втор беше неговиот сонародник Карл Бенџамин, а третото место му припадна на Кошир Жан од Словенија. Во женска конкуренција најснаодлива на даската за снег од 16 натпреварувачи беше Јулија Дујковиќ од Австрија, која го освои првото место пред Бугарката Александра Јекова. За одличната организација на трките најзаслужна беше ски федерацијата на Македонија (комитетот за сноњбоард) кои успеаја на многубројните туристи да им приредат одличен спектакл. Во тркиве, кои се одржуваа викендов учествуваа 63 натпреварувачи од 9 држави.


(А.Н.) Фото:А.Ивановски