Оставката на Хашим Тачи на место косовски претседател е шанса за нов почеток, оценил шефот на делегацијата на Социјалдемократската партија на Австрија во Европскиот парламент Андреас Шидер.

“Оставката на Тачи може да биде важна шанса, земјата да заврши со своето нестабилно минато а иднината да ја препушти на нова генерација политичари“, нагласилтој во соопштение.

Известувач за Косово на социјалдемократска фракција (СПЕ) во Европскиот парламент укажал дека Косово е соочено со големи предизвици како што е справување со криза на корона вирус, помирување со Србија, како и борба против корупција и организиран криминал.

“За конечно да се постигне напредок неопходно е Косово да има стабилност и нова политичка култура која ќе се базира на компромис и дијалог. Со оставката на Тачи Косово се доближува еден чекор кон таа цел“, оценил Шидер.

Пратеник на Народната партија на Австрија во (ОВП) во Европскиот парламент Лукас Мндл оценил дека оставката на Тачи била доследен и правилен чекор бидејќи сите воени злосторства мора до крај да бидат расветлени.

Известувачот за Косово на Европската народна партија (ЕПП) кажал дека сега за граѓаните на Косово е од пресудно значење, актуелната ситуација политичките актери да не ја искористат за предизвикување нова нестабилност.

Владата и парламентот сега ја имаат одговорност за стабилноста како и што побрзо избор на нов претседател, потенцирал тој.

Граѓаните на Косово заслужуваат политичка елита која ќе работи на европска интеграција, наместо на конфликти“, нагласил Мандл.