x

Австриски репрезентативец после „трансферот“ во петта лига: Сега може да уживам во фудбалот

harnik

Мартин Харник е познато име во германската Бундеслига. Овој австриски репрезентативец игршае во неколку клубови како Вердер Бремен, Штутгарт, Хановр, Фортуна Дизелдорф и Хамбургер.

Меѓутоа оваа сезона се реши да замине во петта лига, и потпиша за Тус Дасендорф. И Харник не е стар фудбалер, има 33 години. Има 68 настапи за селекцијата на Австрија.

Но, сега, вели, дека е време да ужива во фудбалот.

„Неуспешните фази во текот на кариерата ми одземаа многу енергија. Кога наутро ќе се разбудев често се чувствував исцрпен. Обратно, бев со многу енергија со само два часа спиење. Ова „возење“ на емоциите беа брутални кон мене. Сега ако одиграм лошо за Дасендорф, и загубиме, тоа нема да влијае на мене“, вели Харник, кој сега сака добра забава со аматерите и може да игра опуштено, односно да ужива во фудбалот.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата