x

Австралија Опен нема да дозволи навивачите да се шетаат низ „Мелбурн Парк“

australia-open

Организаторите на Австралија опен во 2021 година воведоа најнови безбедносни мерки за навивачите кои ќе сакаат да присуствуваат на турнирот. Според денешните информации, за првпат во историјата на турнирот, гледачите нема да можат слободно да се движат низ тенискиот центар „Мелбурн парк“.

Секој билет ќе овозможи пристап до една од трите зони, во зависност од избраната арена. Посетителите во првата зона ќе можат да влезат во арената „Род Лејвер“ и во делот за храна. Втората зона ќе се формира околу арената „Маргарет Корт“, а таа ќе вклучува и терени на отворено и платформа за следење на натпревари на големо платно. Билетот до третата зона ќе овозможи пристап до „Хајсенс Арената“.

За секоја зона има одделни влезови, за навивачите да не се мешаат. Продажбата на билетите започнува утре.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата