x

Австралиското ГП ќе се одржи во март и тоа со гледачи

f1-australia

Организаторите на Ф1 трката за големата награда на Австралија велат дека очекуваат да бидат домаќини на трката со која традиционално се отвора сезоната во Формула 1 во 2021 година во вообичаениот временски термин во средината на март.

Овогодинешната трка во Мелбурн беше откажана откако еден член на Мекларен беше позитивен на коронавирус. Претседателот на австралиското ГП, Ендру Вестакот изјави: „Мелбурн повторно ќе биде домаќин на отворањето на сезоната во Ф1 во традиционалниот временски период во март“.

Тој додаде дека гран-прито „ќе претставува значителен дел од закрепнувањето на најголемите индустрии за спорт и настани во државата Викторија“.

Се разбира дека организаторите од Мелбурн имаат зелено светло од австралиската влада да ја организираат трката во март и да им дозволат дури и присуство на навивачите.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата