Шефот на грчката дипломатија, Димитрис Аврамопулос денеска во Њујорк ќе се сретне со генералниот секретар на Обединетите нации, Бан Ки-мун, соопшти грчкото МНР. Тема на разговорот, како што соопштија, ќе биде и прашањето за името. Освен со првиот човек на Светската организација, Аврамопулос ќе ја искористи посетата за разговори со грчката дијаспора.