Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги денеска ќе ги  одржи 5-та и 29-та седница. На петтата седница ќе биде разгледано образложението од ТРД Зоран Здравковиќ МХ-РАДИО Охрид ДООЕЛ за постапувањето на медиумот во врска со покренатата постапка за одземање на дозволата. Членовите на АВМУ, пак, во рамки на 29-та седница, ќе расправаат Предлог-одлуката за одземање на дозволата за радио емитување на ТРД Зоран Здравковиќ МХ-РАДИО Охрид ДООЕЛ, Предлогот за покренување постапка за одземање на дозволата за телевизиско емитување на ТРД Телевизија ИРИС ДОО Штип, како и Предлогот за изрекување мерка-јавна опомена на ТРД АЉБАНА ПЛУС од Куманово.

АВМУ на оваа седница ќе го разгледа и Предлог-правилникот за изменување на Правилникот за условите, начинот и постапката за издавање копија од снимка на објавена информација во рамките на програмскиот сервис на радиодифузерите на државно, регионално и локално ниво во Република Македонија.