„Авицена лабораторија“ стави во функција комплетно нов, посебен простор за земање примероци за тест за Ковид-19, со цел подобрување на здравствените услуги и квалитетна грижа за здравјето на граѓаните.

Овој простор за прием на пациенти и земање примероци за тест за Ковид-19 е целосно физички одвоен од постојниот влез на лабораторијата и од постојната чекалница.

Истовремено, трикратно се зголемува и капацитетот за изработка на тестови за Ковид-19 на дневно ниво, бидејќи лабораторијата е во фаза на инсталација на дополнителна високософистицирана опрема за целосна автоматска изработка на Real-time PCR тестови. На овој начин ќе се намали и времето за закажување тестирање и за добивање резултат.

Сите редовни пациенти ќе се примаат преку ВЛЕЗ 1 – досегашниот постоен влез на лабораторијата. Просторот за прием и чекалницата се реновирани и повторно преуредени за сите клиенти и пациенти, за сите видови лабораториски услуги и во овој дел нема да се врши прием на пациенти за тест за Ковид-19.

Приемот на пациенти за тест за Ковид-19 ќе се одвива во новиот одвоен дел преку ВЛЕЗ 2, кој се наоѓа веднаш до влезот на хотелот „ТЦЦ Гранд Плаза“, ориентиран кон бул. „8 Септември“.

Закажувањето за тест за Ковид-19 се врши на тел. 071/278-529 или 078/218-731.

Како приватна здравствена установа, „Авицена лабораторија“ уште од самиот почеток презема одговорност пред граѓаните и општеството, и активно се вклучи во борбата против оваа пандемија. Тимот на „Авицена лабораторија“ се обврза активно да ги стави на располагање сите ресурси, искуство и знаење, со цел подобро справување со ситуацијата и постојана достапност за потребите на клиентите, во насока на подобрување на здравствените услуги за сите граѓани.

(ПР текст)

извор: Makfax