Авиокомпанија мораше да испрати еден од своите авиони на фарбарска корекција откако е забележано дека на него било грешно испишано името на компанијата.

Називот на Cathay Pacific, компанија со седиште во Хонг Конг, на страната од авионот било грешно испишано како Cathay Paciic.

Патниците со остар поглед ја забележале грешката на меѓународниот аеродром во Хонг Конг, по што контактирале со авиокомпанијата.

„Упс, овој специјален изглед нема да трае долго! Авионот се враќа назад во работилница“, се пошегува компанијата во објава на Твитер.

Авиокомпанијата соопшти дека станува збор за ненамерна грешка, иако некои во индустријата велат дека тоа е необјасниво.

„Просторот меѓу буквите е премногу точен за да може да се каже дека е несреќна грешка“, изјави инженер на „Хаеко“, сестринска компанија на авиокомпанијата.

извор: Makfax