Се што е убаво трае кратко, вели една стара македонска која се покажа како точна и кога е во прашање постоењето на младата и надежна група Дупер, но и соработката со Авалон. 

Што точно се случило не е познато, но ако може да се суди според објавата на првиот човек на Авалон продукција во прашање е тешка глупост. 

„Почитувани, поради тоа што едниот од машките членови на групата Дупер и даде отказ на Мартина, со поддршка на другиот машки член… од според мене најпатетичната можна причина, Авалон продукција го раскина договорот со младите момци. Од мене толку“, напиша Бобан. 

Засега толку, но наскоро очекуваме детали.