x

„Абрамович сакал да го купи Каљари поради Зола, Шон Конери му варел чај на Гатузо, Таре и дрвената рака…“

di-marzio-e1602326162755

Џанлука Ди Марцио е познат италијански новинар кој има голем број на следбеници на социјалните мрежи, а е познат како експерт кога станува збор за трансфери на фудбалери на Апенините. Тој ја има речиси секоја информација за преговори и трансфери. Од толку многу приказни што ги има слушнато но и видено на трансферниот пазар на фудбалери и тренери, тој решил да ги стави во книга. Начинот на преговори, понудите, па се до потпишувањето на договорите па пропаднати трансфери…

Еве некои од приказните во неговата книга.  (ПОВЕЌЕ ПРОЧИТАЈТЕ ОВДЕ)

ПРЕГОВОРИТЕ НА ЈУВЕНТУС СО ТЕВЕЗ ВО ЛОНДОНСКИ РЕСТОРАН

Во март 2013 година Јувентус влегол во контакт со Карлос Тевез. Разговарале во еден ресторан во Лондон без знаење на Манчестер Сити (тогашниот клуб на Аргентинецот). Ди Марцио му се јавил на Фабио Паратичи, спортскиот директор на Јуве.

Како си поминавте во ресторантот во Лондон. Дали јадењето беше вкусно?“.

Паратичи се чудел: „Каков ресторант? Што зборуваш? Какви се овие глупости?“.

Е Фабио, Фабио. Јас знам се. Зборувавте со Тевез и неговиот агент. Ти беше во друштво на Конте. Ресторантот беше затворен само за вас. Не ме лажи“, рекол Ди Марцио.

Паратичи молчел 20 секунди па одговорил: „Те молам не кажувај никому! Од Манчестер Сити ќе збеснат ако дознаат. А патем како дозна за ова? И пиши му Ањели и не спомнувај дека си зборел со мене ќе мисли дека јас сум ти кажал. Уште не ми се верува како дозна за ова?“.

Ди Марцио: „Не му кажав како дознав. Во тој ресторант имаше еден Италијанец Џузепе Лоданте кој работеше во кујна. Тој ми ја кажа приказната. Тој ми кажа дека Јувентус планира да го донесе Тевез“.

ГАТУЗО ВО АНЖИ

Во 2011 година по мечот меѓу Милан и Тотенхем, агентот на Гатузо Андреа Д’Амико добил повик од сопственикот на Анжи Сулејман Керимов кој ги поканил во Москва. Гатузо и Д’Амико без знаење на Милан заминале во главниот град на Русија – приватен авион, шампањ и свежа риба ги чекаа на аеродромот. Во Москва ги чекале три автомобили со затемнети стакла и рефлектори, а ги однеле во скапоцена вила во Москва.

Таму ги пречекал Керимов кој од палтото извадил фотографија од Гатузо како го држи за врат помошниот тренер на Тотенхем Џо Џордан.

Ти си силен! Ти си многу силен!“, му кажал Керимов на италијански јазик.

Потоа продолжил на англиски: „Ти имаш мадиња, имаш самодоверба. Те сакам во мојата екипа. Колку заработуваш?“.

Пет милиони евра годишно“, рекол Гатузо.

Ќе ти дадам десет годишно и договор на пет години“, рекол Керимов.

Гатузо, сепак, решил да се консултира со Галијани. А овој го убедил да остане во Милан.

ЈУВЕНТУС ОТПРВИН ГО САКАЛ КАВАНИ, А НЕ ИГУАИН

Во април 2016 година Јувентус ја освои петтата титула по ред и Фабио Паратичи отишол во Париз да го реализира трансферот на Единсон Кавани. Во 10 часот Паратичи бил пред домот на Кавани, а од таму излегол братот на фудбалерот. Единсон не бил таму, тој отишол на одмор во Ница.

Директорот на Јуве се навредил од актот на Кавани и преговорите биле прекинати. Следувало активирање на клаузулата на напаѓачот на Наполи Гонзало Игуаин.

АБРАМОВИЧ ГО САКАЛ ЗОЛА ТОЛКУ МНОГУ ШТО ПОНУДИЛ ДА ГО КУПИ КАЉАРИ

Во 2003 година Абрамович го купи Челзи и бил изненаден кога дознал дека Џанфранко Зола не е во екипата. Легендарниот Италијанец не го продолжи договорот со Челзи и отиде во Каљари.

Што? На првиот ден од моето преземање на клубот ми кажувате дека ќе го немам најдобриот фудбалер во историјата на Челзи?“.

Абрамович не се откажал, му се јавил на претседателот Масимо Челино и му дал интересен предлог:

Колку вреди Зола? Сакам да го купам“.

Но само што потпишавме со него. Жал ми е но тој не е на продажба“, му кажале од Каљари.

Добро, друго прашање. Колку чини Каљари?“, прашал Абрамович.

Челино уште еднаш го одбил Абрамович и му спуштил слушалка.

ЗЕНИТ МУ НУДЕЛ ДВА ПАТЕКА ВОДКА НА САРИ

Во мај 2017 раководството на Зенит се сретнало со Маурицио Сари. Тогашниот претседател Дјуков и уште еден негов соработник отишле во Наполи на разговори со Сари (за преземање на Зенит).

Тие дошле со два пакета водка. „Ова е за Сари“, рекле. Потоа му раскажувале на тренерот на Наполи за историјата на Зенит, за предностите на клубот и што уште ќе добие Сари во Санкт Петерсбург.

Но Сари бил замислен, паметот му бил на друго место. Тој извадил хартија и почнал да црта, кажувајќи ги своите замисли. После еден час тој стана и кажа: „Морам да одам, морам да се подготвам за натпревар“.

Зенит неколку дена чекал одговор од Сари но не го добил. Италијанскиот стратег не бил расположен за преселба во Русија. Иако финансиските параметри на Зенит биле многу подобри, Сари го одбрал Челзи.

ТАРЕ И ДРВЕНАТА РАКА

Спортскиот директор на Бреша Џанлука Нани го посакал Игли Таре во својата екипа. Таре во тој период играл за Кајзерслаутерн, па Нани му се јавил на првиот човек на германскиот клуб Кориони. Двајцата разговарале, а Кориони му кажал:

Се е договорено претседателе. Ги потпишавме сите документи, исто така имате и сертификат за раката“.

Рака? Каква рака? Што зборуваш?“, се чудел Нани.

Тој фудбалер има дрвена рака, но не се грижи! Се е под контрола! Тој може да игра. Ќе ја извади раката пред да влезе на теренот“.

Откажи го трансферот. Не сакам фудбалер со дрвена рака. Што ќе помисли нашиот тренер?“.

Извинете претседателе, но договорот е потпишан“.

Неколку дена подоцна Таре доаѓа на лекарски прегледи. Тука Кориони му рекол на албанскиот фудбалер да ја стави едната рака зад грбот и ракавот да биде пуштен кога дојде претседателот на Бреша. Кога дошол Нани го гледал фудбалерот и се вртел околу него. Тогаш видел дека Таре има две раце.

Абе се шегувате со мене? Сакате да ме измамите“, слатко се изнасмеал Нани.

ЛЕВАНДОВСКИ БИЛ ВО ЏЕНОВА, ПРЕЦИОЗНИ СЕ ПРЕМИСЛИЛ

Во 2010 година Роберт Левандовски бил во Џенова. Скаути му го предложиле на Прециози и на спортскиот директор Стефано Каподзука.

Во април Левандовски дошол во хотелот во кој престојувале играчите на Џенова пред мечот со Сампдорија. Прециози го видел Полјакот и му рекол на Гасперини (тогашниот тренер): „Мислев дека е повисок“.

Левандовски ги поминал лекарските прегледи и го чекал повикот од Џенова да го потпише договорот. Но тоа не се случило. Џенова се откажала. Причините непознати, а од клубот посочија дека сумата била превисока за нив.

ШОН КОНЕРИ МУ ДОНЕЛ ЧАЈ НА ГАТУЗО ВО РЕНЏЕРС

Во септември 1998 година престедателот на Ренџерс Дејвид Мари го посакал Џенаро Гатузо. Играчот и агентот Д’Амико заминале во Глазгов, таму со луксузен Ролс Ројс ги однеле во луксузна вила. Вратата од автомобилот им ја отворил Шон Конери, легендарниот глумец кој бил пријател на Мари.

Додека разговарале Конери постојано им нудел на гостите чај и им зборувал колку ја сака Италија.

Можеби сакаш чај? Или да ти донесам млеко? Ми се допаѓа Италија, езерото Гарда е како од бајките“, им зборувал Конери.

Потоа во друштво дошла уште една актерка Кетрин Зета-Џонс. Во тоа време во Шкотска двајцата го снимале филмот „Стапица“, а првиот човек на Ренџерс го искористил моментот и ги повикал да му помогнат во преговорите со Гатузо.

Гатузо заигра за Ренџерс па од таму потоа направи трансфер во Милан.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата