x

Абрамович лично му се јавил на Хаверц, а чека “ДА“ и од Кристијано!

И дефинитивно Челзи е во тотална офанзива во пресрет на летниот преоден рок. Роман Абрамович има намера да му создаде дрим – тим на Френк Лампард, па затоа прво го купи Тимо Вернер, а на пат е да донесе уште три квалитетни засилувања. Сепак во преден план е германското чудо од дете Каи Хаверц. Верувале или не, барем според медиумите во Англија, богатиот руски тајкун лично по телефон разговарал со мега талентот на Леверкузен, и му рекол дека за него има фантастична понуда. И рекол дека не се проблем тие 100 милиони евра кои “фармацевтите“ ги бараат како отштета.

Инаку покрај Хаверц, Роман е на линија и со менаџерите кои ја пренесоа понудата за Кристијано Роналдо вредна неверојатно 120 милиони евра.

Па така сега се чека на „ДА“од португалецот.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата