Англискиот фудбалски репрезентативец и член на премиерлигашот Стоук Сити, Питер Крауч и неговата сексапилна сопруга Аби Кленси, поминале еден прекрасен ден на песочните плажи во Дубаи. Аби го искористи кусиот одмор на фудбалерот во топлиот Дубаи да му ги наполни батериите и освежи сопругот за преостанатиот дел од напорната сезона во англиското првенство.
Кленси, која е висока 175 сантиметри со витко тело, е еден од најбараните модели на Островот. Таа и Крауч постојано се мета на англиските папараци, кои сакаат да откријат нешто од валканата облека на двојката која важи за пример меѓу славните личности во Англија. Тие никогаш не се нашле во средиштето на некаков скандал, а во Дубаи повторно им покажаа на папараците колку е голема нивната љубов. Крауч и Аби постојано се бакнувале и гушкале што само говори за големата страст во нивниот брак.