x

АБА 2 ЛИГАТА ГИ ОБЈАВИ ОФИЦИЈАЛНИТЕ ЛИЦА ЗА СЕЗОНАТА 2020/2021

aba-prekin

Непосредно пред почетокот на новата сезона, менаџментот на АБА 2 лигата ги објави и имињата на официјалните лица кои ќе се грижат за регуларноста на ова натпреварување.

Она што е особено интересно за нашата кошаркарска јавност е дека освен двата клуба претставници, МЗТ Скопје Аеродром и Работнички, Македонија ќе биде претставувана и во овој друг сегмент.

На листата на судии кои ќе ја делат правдата во претстојната сезона во АБА 2 лигата се наоѓаат: Александар Давидов, Благоја Лазов, Боро Антовски и Владимир Крстевски.

На делегатската листа се ставени: Антонио Теофиловски, Зоран Николовски, Бобан Јосифовски и Сашко Терзиевски, додека пак во улога на контролори-супервизори се: Владимир Макревски и Петар Денковски.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата