Абазовиќ предупредува…

Дритан Абазовиќ, лидер на движењето УРА и парламентарните избори во Црна Гора се во центар на внимание не само во регионот туку и светските медиуми.

Тој во разговор за германскиот неделник Шпигл открил дека е под полициска заштита во сред невиден притисок кој го трпи после изборите.

На прашањето за протесните собирања пред неговата куќа во Улцин, Абазовиќ одговорил:

– Таа ноќ не бев таму. Кога дознав за тоа, прво реков во шега: дошле луѓето да ме подржуваат… Вистина е, се врши голем притисок врз мене, моментално сум под полициска заштита“, рекол и додал:

“Знам дека постојат многу луѓе кои би можеле нешто да направат, но не се плашам. Заканите се цена која ја плаќаме како политичари. А тие се логични во моменталната ситуација, ако земете во обзир една работа: после ваков изборен резултат во земјата има многу луѓе кои има што да загубат. Црна Гора неодамна прв пат во својата историја била сведок на демократски избор на владар, а претседателот Мило Ѓукановиќ и неговиот ДПС претрпе големи загуби на изборите“.

 

на 30 август.